април 26, 2026

На улицата „Неџат Аголи” продолжуваат инфраструктурните работи со започнување на процесот на стругaње на асфалтот, по успешното поставување на новата фекална канализациона мрежа.

Оваа фаза е дел од подготовките за инсталација на новата водоводна мрежа, од која ќе имаат корист над 50 домаќинства од оваа населба. По завршување на подземните инсталации, ќе следи финалното асфалтирање на улицата.

Овој проект е дел од континуираните инвестиции што Општина Чаир ги реализира со цел модернизација на јавната инфраструктура и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK