мај 1, 2026

На 09.04.2025 во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(31) од Куманово.

На ул.„Теофан Економов” во Куманово, тој со возило „сеат леон” со кумнаовски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во мопед „хамачи” и патничко возило „фолксваген голф”, двете со кумановски регистарски ознаки, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK