мај 1, 2026

Вчера околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на сува трева на плац каде што се чувале седум возила кои не биле во возна состојба. Плацот бил во сопственост на 57-годишниот И.Ш. каде возилата ги користел како резервни делови.

„Според пријавеното, додека И.Ш. со брусалка сечел едно од возилата, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и ги зафатил возилата. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. И.Ш. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK