мај 1, 2026

Италијаните ѝ понудија на британската кралица Камила пица и сладолед во средата за време на државната посета на Италија по повод 20-годишнината од нејзината венчавка со кралот Чарлс. Камила и Чарлс пешачеа до познатата слаткарница „Џолити“ во центарот на Рим, каде што кралицата јадеше сладолед во чашка откако кралот одржа историски говор.

На Камила претходно и беше подарена кутија пица откако присуствуваше на настан во училиште во Рим.

Поелегантни јадења беа послужени во средата навечер, на свечениот прием за кралската двојка во палатата Квиринале, резиденцијата на италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Чарлс изјави во парламентот дека Велика Британија имала големо влијание од италијанската кујна. „Можам само да се надевам дека ќе ни простите што повремено ја искривуваме вашата прекрасна кујна. Тоа го правиме со најголема можна наклонетост“, рекол кралот.

Да потсетиме дека нивниот брак по долга и скандалозна врска мораше да надмине огромни уставни, политички, верски и семејни пречки.

На кралицата Елизабета Втора, мајката на Чарлс, и требаше долго време да го прифати.

Share

The post Кралицата Камила ја прослави годишнината од бракот во Рим, јадеше пица и сладолед appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK