мај 1, 2026

Започна новиот протестен марш организиран од иницијативата “Кој е следен” во Скопје, по срамната пресуда од страна на тетовскиот суд и изречените две години затвор за сторителот на сообраќајната несреќа во која почина младата Теодора.

Иако во помал број од претходните протести граѓаните се собраа пред Влада и со паролата “Системот е следен” го започнаа своето движење.

Семејството на прегазената Теодора Ристовска преку социјалните мрежи се обрати до целата јавност утринава. Во објавата се изразува огромна благодарност до целата јавност, до медиумите, но и до премиерот Мицкоски за реакцијата. Она што е особено важно, а е по повод организираниот протест во Скопје од иницијативата “Кој е следен” семејството нагласува дека не го поддржува истиот протест од причина што самиот треба да се одржи во градот Тетово каде што живееше Теодора и каде што и згасна животот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK