мај 1, 2026

Речиси три часа по верижниот судир на булеварот „Партизански одреди“ кај населбата Влае, сѐ уште се одвива полицискиот увид, а сообраќајот во насока кон спомената скопска населба се одвива отежнато.

Како што претходно информиравме, денека околу 17 часот се случи сообаќајна несреќа во коајшто се вклучени четири возила. За среќа во инцидентот нема сериозно повредени лица.

Верижниот судир се случи кај надвозникот пред влезот на населбата Влае. Подоцна на потегот од Карпош 4 кон Влае се создаде голема гужва, поради увидот кој сѐ уште трае.

Извор: Нетпрес

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK