мај 1, 2026

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, потврди дека бил каснат од куче, но дека не земал отштета од 100.000 денари.
Ристески инаку е поранешен градоначалник на Општина Прилеп, а моментално ја извршува функцијата заменик министер за економија.

Инфомакс објави документ според кој Ристески пријавил дека е каснат од куче, за што добил оштета од 100.000 денари.

„Изминатиов период на еден поткаст, а потоа и на нивниот интернет портал беа искажани и објавени информации дека сум добил 100.000 денари од Општина Прилеп бидејќи сум бил каснат од куче.
Точно е дека мината година бев нападнат од куче и каснат, но веста дека сум добил оштета и имало пресуда е целосно лажна.
Ако најдат еден денар дека сум примил по овој основ, спремен сум средствата да им ги поклонам“, реагираше Ристески.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK