мај 1, 2026

На 10.04.2025 во 19.45 часот на улица „Гоце Делчев ” во Штип,  полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.П.(51) од Струмица.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат” со струмички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,19 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK