мај 2, 2026

Неколку дена по ред масовно се крадело на Клиниката за онкологија каде биле обиени повеќе од 18 шкафови на вработени пренесува „Плусинфо“. Она што загрижувачки според порталот е што инцидентот Клиниката го пријавила после една недела, а сомнежот за можна злоупотреба на доверливи материјали не е исклучен.

Главната сестра на Клиниката Андријана Филиповска за Плусинфо вели дека не недостасуваат лични предмети на лекарите, но не можат да бидат сигурни околу картичките за лекови, дали некои од тие документи недостасуваат – затоа што во просторијата се чувале такви картички и за период од 10 години наназад.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека во последните денови имале повеќе пријави од Клиниката за радиологија и онкологија во Скопје. Според официјалните информации, првиот случај се случил на 2 април, кога непознат сторител насилно отворил шкафови во соба наменета за персонал. Иако не било одземено ништо, било извршено претурање, по што лицето го напуштило местото.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK