мај 2, 2026

Валенсија продолжи со спектакуларното бегство од опасната зона на табелата во Ла Лига. По поразот од Атлетико Мадрид, Валенсија во следните шест кола, од 2 март досега, освоија 14 бода (четири победи, две нерешени).

Вечерва, во првиот натпревар од 31.коло, Валенсија ја победи Севилја со 1:0 и ја „скокна“ на табелата.

ВАР беше против Севилја, судијата Хозе Санчез досуди пенал, но по сугестијата од ВАР собата ја прегледа снимката и ја поништи својата одлука.

Во третата минута од судиското надополнување, Валенсија успеа да постигне гол преку 20-годишниот Хави Гера.

Во вториот дел имаше прилики на двете страни, но не и вистински реализатор.

Навивачите на Валенсија можат да здивнат, „лилјаците“ се на девет бода од зоната за испаѓање.

Валенсија сега се наоѓа на 11.место со 37 бодови, Севилја по третиот пораз во низа е на 12.позиција со бод помалку.

Share

The post (Видео) Валенсија ја продолжи серијата без пораз, Севилја падна на „Местаља“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK