мај 2, 2026

По наредба на Обвинителството, полицијата денеска апси поранешни високи функционери и прибира докази, зашто ја проширува истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката во „Пулс“ во Кочани на 16 март, во кој загинаа 61 лице. Над 200 се повредени, од кои има и такви кои се во критична состојба сè уште.

По претходните 30, истрагата сега се проширува за над 23 нови осомничени, а меѓу нив се поранешниот министер за економија Беким Незири, кој пред две години влезе во МНАВ и истепа контролор на летање, потоа долгогодишниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор Шабан Салиу, Ваљон Сарачини – поранешен министер за економија, сегашен директор на тв, и други.

Наводно осомничен е и Дритон Кучи, поранешен министер за економија, кој во моментов е амбасадор на Македонија во Норвешка. Уапсен бил и актуелниот директор на ДЗС Џеват Селами, но како и за претходните имиња, така и за него Обвинителството вели дека официјални информации ќе има во текот на денот.

С. К. ДЕЛЕВСКА Извор Сдк.Мк

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK