мај 2, 2026

Однесувањето на обвинителите кон мене беше крајно понижувачко, зашто прашуваа кај сведоците кај кој доктор сум имал закажано операција во Турција, а добро им е познато дека во мојот исказ пред нив од 5 јуни 2024, на обвинителката Цалева јасно и објаснив дека сакав да правам магнетна резонанца на друго место а не во Македонија. Кога правиш магнетна резонанца со неа добиваш и специјалистичко мислење, што за мене значи второ стручно мислење кое за мене значи дали ќе се оперирам или не, изјави Љупчо Палевски на денешното судење за убиството на Вања и Панче.

Палевски посочи дека една од причините за десетдневното патување била и посетата на воениот архив на Истанбул од каде, како што тврди тој, требало да земе копија и доказ дека во Баница на 4 мај 1903 година немало ниеден аскет. И дека Гоце Делчев не е убиен од турска воска туку од Врховистите.
Слободен Печат

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK