мај 2, 2026

На 14.04.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(38) од Кавадарци. На улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, тој со патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки не застанал на знак за запирање, но по преземени мерки, бил запрен од страна на полициските службеници, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта.

Д.С. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK