Инспекторите кои трагаат по докази за исчезнувањето на Ана Волш пронашле вреќи со ѓубре полни со крв, секира, пила, тепих и користени средства за чистење во близина на магацин во Пибоди, јавува локалната телевизија WBZ.
Инспекторите во заштитни одела и полицајци со кучиња го пребараа објектот на улицата Њубери во понеделникот, барајќи индиции поврзани со исчезнувањето на мајката на три деца, јавува Си-Би-Ес Бостон.
Ана Волш исчезна на 1 јануари рано наутро кога требаше да замине на аеродромот Логан во Бостон и оттаму да отпатува за Вашингтон на работа.
Следете не, не има насекаде