Италијанската премиерка Џорџија Мелони и нејзиниот јапонски колега Фумио Кишида се согласија да ја зајакнат соработката меѓу двете земји во повеќе области, вклучително и економијата, трговијата и безбедноста, италијанските медиуми, повикувајќи се на изјава на лидерите.
– Се договоривме да го подигнеме нивото на билатералните врски до стратешко партнерство, рече Мелони во кратката изјава за новинарите по средбата во Рим.
Според Кишида, меѓу областите на зајакната соработка ќе бидат дипломатијата, инвестициите, железницата и киното.
– Покрај обезбедувањето целосна поддршка за Украина, сакаме да работиме заедно со јапонското претседателство (со Г-7) на некои приоритети предложени од Јапонија, како што се заштита на меѓународниот поредок заснован на правила, зајакнување на економската безбедност, заштита на синџирите на испорака и зајакнување на борбата против климатските промени, додаде Мелони.
Следете не, не има насекаде