мај 2, 2026

МВР работи на расчистување на случајот со откорнатата плоча од споменикот на децата бегали во срцето на Скопје.

Во полицијата било пријавено дека од паркот „Жена борец“ од Споменикот на културата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија со употреба на физичка сила била одземена спомен плочата, информира МВР во дeнешниот полициски билтен.

За вандалскиот чин првично се огласи архитектката, Даница Павловска- Циги, која е воедно и автор на делото.

На 9 април беше украден релјефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, откорнати се бронзените букви од натписот „Татковината – копнеж на прогонетите“ и украдени се околу 10 метри метални цевки поставени во фонтаната која е дел од споменикот. Оштетени се и неколку мермерни плочи поставени околу споменикот.

Споменикот е подигнат во 1988 година, во рамките на Првата светска средба на децата-бегалци што се одржала од 30 јуни до 3 јули 1988 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK