мај 2, 2026

Градот Скопје е дефинитивно град со катастрофална сообраќајна култура. Дека сме на дното говорат секојдневните видеа со кои е преплавен интернетот. Овојпат екипата на 24Инфо сними видео на влезот во Скопје, односно на приклучокот од населбата Сингелиќ кон Автокоманда. Од автомобили до скутери возат слободно низ тротоарот наменет за пешаци, наместо да чекаат во колоната на коловозот. Во овој дел од градот на тротоарите очигледно може да се види се освен пешаци.

Дали ќе следат казни за несовесните возачи останува да видиме.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK