мај 2, 2026

Утрово во Зоолошката градина во Скопје се роди уште едно животинче, а веста ја споделија со радост од Скопје ЗОО.

„Утрово не дочека нова радост – женско бебе кај пони коњите“, соопштија од Зоолошката градина, додавајќи дека ова е уште едно во низата пресреќни моменти во последниот месец.

Во текот на изминатите 30 дена, во Скопската зоолошка градина се родиле околу 30 нови бебиња од различни видови. Од таму велат дека ова е потврда за добрата грижа и условите што им се обезбедени на животните, како и за успешната работа на целиот тим.

Сите новородени животинчиња, вклучувајќи го и најновото пони бебе, може да се видат при посета на Скопје ЗОО, која и понатаму останува едно од омилените места за семејни прошетки и едукативни посети.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK