мај 2, 2026

Шарунас Јасикевичиус е добитник на трофејот „Александар Гомељски“, кој Евролигата му го доделува на најдобриот тренер во сезоната. Популарниот Шарас за прв пат во кариерата е прогласен за најдобар тренер на сезоната во Евролигата.

„И покрај бројните повреди, тој го предводеше Фенербахче до скор 23-11 и второто место во регуларниот дел од сезоната“, накратко ја објасни одлуката Евролигата, која веднаш ја ги подели кошаркарските фанови ширум Европа.

„Тиаго Сплитер е ограбен“, е чест коментар на социјалните мрежи по одлуката трофејот „Александар Гомељски“ да не му припадне на Бразилецот на клупата на дебитантот во евролигашкото натпреварување, тимот Париз.

Инаку, Јасикевичиус е првиот Литванец и 14. тренер во историјата на кого му е доделена наградата „Гомељски“.

Евролигата ја востанови оваа награда во 2004 година, оттогаш најпрестижната индивидуална награда во тренерската конкуренција три пати им припадна на Јоргос Барцокас и Жељко Обрадовиќ.

За најдобри двапати беа прогласени Еторе Месина, Пабло Ласо и Димитрис Итудис.

Share

The post Евролигата го „ограби“ Сплитер, тренер на годината е Јасикевичиус appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK