мај 3, 2026

По силната реакција на граѓаните и поддршката од медиумите, конечно започна реконструкцијата на оштетената улица во населбата Волково, која подолго време претставуваше сериозен проблем за жителите и нивната безбедност.

Изразуваме благодарност до сите институции, поединци и медиуми кои се заложија за решавање на проблемот и покажаа дека кога заеднички се делува, може да се постигнат резултати.

Сепак, очекуваме целосна реконструкција и изградба на нова, квалитетна улица – не само привремено пополнување на дупките.

Апелираме до сите политички партии да не го злоупотребуваат овој проблем за постигнување политички поени. Не постојат добри партии. Постојат добри луѓе. А добрите луѓе мора конечно да престанат да чекаат. Зашто колку повеќе молчиме, толку повеќе се уништува секое парче земја.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK