мај 3, 2026

Милан по пауза од седум години ќе се бори за трофејот во Купот на Италија. Вечерва, Милан го декласира градскиот ривал Интер во полуфиналниот реванш со 3:0.

Патот на Милан до финалето му го трасира Лука Јовиќ. Српскиот репрезентативец кој на крајот од годината беше отпишан, во последниот месец почна да добива шанса од Сержо Консеисао. Довербата на тренерот ја оправда со голови.

Во првенството погоди против Наполи и Фиорентина.

Вчерва постигна два и ја обезбеди победата. Првиот гол го постигна по асистенција на Хименез во 36. минута, а вториот во 49. минута. Победата во 85.минута ја потврди Тижани Рејдерс.

Share

The post (Видео) Лука Јовиќ го однесе Милан во финалето на Купот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK