Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по вечерашната средба со Еди Рама изјави дека средбата поминала во позитивен и братски дух, пренесе ТВ21.
Според Ахмети, иднината на двете земји е во ЕУ и предизвиците што ги очекуваат во овој период се заеднички и за Албанија и за Македонија, затоа, според него, потребна е заедничка координација.
Тој го потенцираше заминувањето на младите од Македонија, но и од Албанија, нагласувајќи дека треба многу да се работи за да се усогласат нашите стандарди со оние на земјите од ЕУ за да се спречи натамошното иселување.
Фокус
The post Ахмети: Да го спречиме иселувањето на младите од Македонија и Албанија appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде