декември 23, 2024

Општо познато е дека добриот сон го продолжува и влијае на квалитетот на нашиот живот, а страничната положба е подобра од другите кога е во прашање здравјето на мозокот.

Постои еден начин на спиење кој е подобар за мозокот од другите, вели неврологот Тара Сварт.

– Спиењето на страна е поефикасно за чистење на мозокот од метаболичките отпадни материи кои се акумулираат додека сме будни, а истражувањата покажале дека спиењето на десната страна најдобро го стимулира процесот на ова чистење – открила научничката.

Една студија од 2020 година објавена во списанието „Brain Sciences“ забележува дека десната странична положба е најефикасна за мозокот, бидејќи се карактеризира со поголемо испирање на мозочниот отпад, во споредба со лежењето на грб или стомак.

Студијата покажа дека спиењето во таа положба може да го поддржи здравјето на мозокот како што старееме, но и да послужи како превентивна мерка против невродегенеративни болести како Алцхајмеровата болест. Интересно, спиењето на страна веќе е најпопуларната поза.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK