декември 25, 2024

Зимските месеци се период од годината кога најголем број луѓе се чувствуваат осамено, сметаат експертите. Всушност, нивоата на осаменост во Велика Британија полека се зголемуваат од пролетта 2020 година, а меѓу април и мај, пет проценти од луѓето (околу 2,6 милиони возрасни) изјавиле дека се чувствуваат осамено „често“ или „секогаш“, пренесува The Sun.

Ова, објаснуваат експертите, воопшто не е изненадувачки бидејќи за време на глобалната пандемија бевме буквално исклучени од општеството и затворени меѓу четири ѕида. Сепак, од октомври 2020 година до февруари 2021 година, резултатите од Анкетата за ставови и начин на живот покажуваат дека овој удел се зголемил на 7,2 отсто од возрасната популација (околу 3,7 милиони возрасни лица).

Не само што осаменоста е проблем со менталното здравје, според новата студија во списанието Aging, истражувачите од Deep Longevity, Универзитетот Стенфорд и Кинескиот универзитет во Хонгконг открија дека таа може да влијае и врз нас физички. Всушност, буквално прави да старееме побрзо.
„Откривме дека психолошките фактори како што се чувството дека сме несреќни или осамени додаваат до 1,65 години на биолошката возраст, што има ист ефект врз нашето здравје како пушењето 15 цигари дневно“, објаснуваат научниците во студијата.
Еден експерт кој ја забележа промената беше д-р Мег Арол, психолог.

„Дефинитивно забележав зголемување на осаменоста, изолацијата и лошото расположение во мојата пракса во последните неколку години. Сега сме во втор бран на постпандемиски тешкотии со менталното здравје, влошени од чувството дека сме во пермакриза (новите кризи се појавуваат навидум без пауза). Луѓето често имаат таканаречена емоционална вкочанетост, што е симптом на депресија“, објаснува Арол, додавајќи дека брзината со која се развивала технологијата била одлична за луѓето во однос на напредокот во здравствената заштита и животниот стандард, но има и биле негативни последици.
„Ние сме помалку поврзани со нашите локални заедници бидејќи живееме во виртуелен-глобален свет и знаеме од многу студии колку е важна физичката интеракција со членовите на нашите заедници за физичкото и менталното здравје“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK