декември 25, 2024

Во 2022 година белгиските власти заплениле речиси 110 тони кокаин во пристаништето Антверпен, првото пристаниште за влез во Европа за дрогата од Латинска Америка, соопшти денеска белгиската царина.

Првпат е надминат прагот од 100 тони.
Минатата година биле запленети точно 109,9 тони кокаин, наспроти 89,5 тони во 2021 година, соопшти царината.

Во холандското пристаниште Ротердам, уште еден сообраќаен јазол на европскиот континент, во 2022 година биле запленети 52,5 тони кокаин, а претходната година околу 70 тони.
Белгија и Холандија одлучија за првпат заеднички да објават годишен извештај за заплените на кокаин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK