декември 23, 2024

Стар водник во пијана состојба го нападнал својот командант, висок офицер, кој од повредите починал на местото на настанот

Рускиот воен суд во Магнитогорск притвори два месеци мобилизиран војник, кој беше обвинет дека извршил кривично дело насилство врз командното раководство во време на војна, се наведува во соопштението на судот, а пренесува рускиот независен портал Медуза.

Инцидентот се случил вечерта на 23 декември, во пресрет на Бадник, во купето на специјален воен воз на станицата Мисјас, во регионот Челјабинск во Русија. Стар водник, мобилизиран во рамки на „делумна мобилизација“, во пијана состојба физички го нападнал својот командир, висок офицер, кој исто така бил мобилизиран. Од здобиените повреди командирот починал на местото на настанот.

По инцидентот, руските власти покренаа кривична постапка против сторителите по членот за „насилни дејствија врз висок офицер извршени во периодот на мобилизација“. На војникот му се заканува затворска казна од пет до 15 години, пишува International Business Times (IBT).

Од почетокот на руската инвазија на Украина, има повеќе извештаи за смртоносни судири и сериозни повреди меѓу руските војници на украинските фронтови.

Војник во маскирна униформа на почетокот на месецот отвори оган од автомат и рани полицаец. Сторителот подоцна беше идентификуван како Павел Николин, еден од бројните затвореници регрутирани во казнените колонии низ Русија од озлогласената платеничка група Вагнер.

The incident happened in a compartment of a staff carriage of a military train at Misyash station in Russia’s Chelyabinsk Oblast on Dec. 23. https://t.co/fFT6HYUEto

— Intl. Business Times (@IBTimes) December 29, 2022

Николин отслужуваше затворска казна за кражби и грабежи кога беше регрутиран од група предводена од „готвачот на Путин“, моќникот на Кремљ, Евгениј Пригожин. Меѓутоа, подоцна се предомислил и дезертирал, како што објави државната руска новинска агенција РИА Новости.

Исто така овој месец, новорегрутиран руски војник беше убиен за време на обуката, откако неговиот другар изгубил контрола над автоматскиот фрлач на гранати додека вежбал оган од противтенковско оружје, објави новинската агенција Осорожно новости.

Меѓутоа, во септември, руски вооружен маж отвори оган во просториите на воена служба во Сибир, откако неговиот близок пријател добил известување за мобилизација, иако тој немал претходно борбено искуство пред „делумната мобилизација“.

Во нападот е ранет офицерот задолжен за регрутирање, јавува  IBT.

A video emerged that appears to be showing “L/DPR” commander beating soldiers who evacuated two wounded as a group of 10 people, instead of taking a position as they were meant to. (shared by @DefMon3) pic.twitter.com/y0NTIRC5Z7

— Dmitri (@wartranslated) December 25, 2022

Исто така, беше објавено дека во текот на летото командантот на руски тенк Т-90 намерно возел борбено возило кон група војници на руската Национална гарда и разнел контролен пункт, по расправија на бојното поле. Инцидентот се случил во областа Запорожје.

За време на руската инвазија, забележани се бројни инциденти во кои команданти вербално и физички ги малтретирале своите подредени и војници, како во Украина, така и во Русија.

Последното видео од ваква злоупотреба се појави на социјалните мрежи пред неколку дена. На видеото наводно се гледа како командант на руските сепаратистички сили од регионот Донбас во источна Украина безмилосно и дивјачки ги тепа војниците, ги навредува и ги нарекува со погрдни имиња.

Командантот ги обвини дека не ги зазеле позициите, а тие се бранат дека евакуирале ранети соборци и дека добиле таква наредба. Командантот ги обвинува дека се причината поради која загинале двајца борци, а повеќе биле ранети.

Во интервјуата кои своевремено ги објави британски Тајмс, најдобро е опишана ситуацијата на фронтот.

На пример, војниците од руската 155-та поморска пешадиска бригада немаат ниту мапи, ниту медицински комплети или работни воки-токи. Само неколку недели претходно тие беа фабрички работници и возачи на камиони.

„Ова не е војна, ова е Дивиот Запад!“, сведочеше тогаш регрутираниот руски војник по име Михаил. Многумина беа обучени во разорени руски бази уништени од корупција, талкаа низ Украина користејќи стари мапи, разговараа на отворени мобилни телефони, откривајќи ги на тој начин нивните позиции и општиот неред во редовите.

Пред мобилизацијата во Русија, Државната Дума одобри серија измени на рускиот кривичен законик, со кои се заоструваат казните за злосторства извршени „за време на мобилизација, воена состојба или во време на војна“. Измените конкретно се однесуваа на членот за вршење насилство врз военото раководство.

Максималната казна за ова дело, во случаи кога имало тешки последици, изнесувала осум години затвор, а сега максималната казна е 15 години.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK