декември 23, 2024

Мадридскиот спортски весник „Ас“ објави листа од десет најлоши напаѓачи во историјата на Реал Мадрид, на која има дури тројца од поранешната Југославија. На листата десет најлоши се Лука Јовиќ и Перица Огњеновиќ од Србија и Елвир Баљиќ од БиХ.

Јовиќ сè уште е играч на Реал, иако сезонава настапува како позајмен играч во Фиорентина. Клубот од Мадрид за него плати 60 милиони евра, но тој никогаш не го покажа својот потенцијал.

Огњеновиќ и Баљиќ беа дел од Реал меѓу 1999 и 2001 година.

Најпознатото име на листата е поранешниот француски репрезентативец Николас Анелка, кој беше дел од кралскиот клуб во сезоната 1999/2000. За него Реал плати 22.5 милиони фунти, а тој одигра 33 натпревари, штрајкуваше и одби да тренира три дена пред неговото деби.

Слично лошо искуство Реал имаше и со Антонио Касано, кој го носеше дресот на клубот од 2006 до 2008 година и притоа даде само четири гола и три асистенции. Еден гол повеќе даде Аргентинецот Хавиер Савиола кој за Реал настапуваше од 2007 до 2009 година.

Десет најлоши напаѓачи во историјата на Реал според весникот „Ас“ се:

Николас Анелка (1999-2000)
Антонио Касано (2006-2008)
Хавиер Савиола (2007-2009)
Лука Јовиќ (2019-2022)
Едвин Конго (1999-2000)
Мануел Канабал (1997-1998)
Перица Огњеновиќ (1999-2001)
Елвир Баљиќ (1999-2002)
Петар Дубовски (1993-1995)
Фредерик Магелан (1999-1999)

The post Шпанскиот весник „Ас“ избра десет најлоши напаѓачи во историјата на Реал, тројца се од поранешна Југославија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK