„Посилни сме и подобро работиме кога дејствуваме заеднички, ние тројцата“, изјави американскиот претседател Џо Бајден по трилатералниот самит одржан со мексиканскиот претседател Мануел Лопез Орадор и канадскиот премиер Џастин Трудо во Мексико Сити.
„Благодарен сум што ве имам двајцата како партнери и би додал како пријатели“, додаде Бајден.
Тројцата лидери се согласија дека Северна Америка мора да остане најконкурентниот, просперитетен и одржлив економски регион во светот. Тие исто така се согласија дека регионалната интеграција ја намалува зависноста на нивните земји од другите делови на светот чии вредности не ги споделуваат.
Пред лидерите на Мексико и Канада, Бајден ја бранеше и својата визија да го претвори северноамериканскиот континент во двигател за производство на чиста енергија.
На заедничката прес-конференција по средбата тројцата лидери претставија обединет фронт и покрај постоечките тензиите меѓу нив.
Пред трилатералната средба Бајден имаше одвоени средби со лидерите на Мексико и на Канада.
Следете не, не има насекаде