На 10.01.2023 во 17.15 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, извршен е службен разговор со 62-годишен жител од селото Ливада, струшко.
Тој, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се сомничи дека во периодот од 06.45 до 07.15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници.
-Од него, одземена е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
The post 62-годишен жител на струшкото село Ливада, осомничен дека убил кучиња скитници во Струга appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде