Американскиот глумец и бивши борач Двејн Џонсон, познат и како „Карпата“, во емисијата на Хаувард Стерн раскажа како му го спасил животот на еден тинејџер со тоа што го удрил силно по главата. Момчето завршило во болница затоа што крварело, а таму лекарите му откриле тумор во мозокот.
Џонсон тврди дека можел да помине полошо ако не го удрел.
„Кога имав 15 години го удрив толку силно што почна да крвари. Подоцна кога му ја снимија главата му открија тумор во мозокот. Кога го удрив, со главата заврши во ѕид, а јас продолжив да го тепам додека беше на земја“, рече Џонсон.
Раскажа и дека во минатото имал многу тепачки кои не завршиле добро за него. На 18 години пред да се запише на факултет завршил во затвор затоа што претепал маж кој нападнал негов пријател. Додека бил во притвор ги чекал родителите да платат за да биде пуштен.
Џонсон денес повремено се појавува на боречките натпревари WWE и е еден од најсилните и наследени инфлуенсери на „Инстаграм“. Главно глуми, а вели дека тоа е нешто што отсекогаш сакал да го работи.
The post Двејн Џонсон раскажа како му го спасил животот на тинејџер: Го удрив силно по главата, па лекарите открија дека има тумор на мозокот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде