декември 24, 2024

Српскиот репрезентативец има договор со римскиот клуб до јуни следната година.

Раководството на Лацио планира да го продаде Сергеј Милинковиќ-Савиќ, бидејќи челниците на римскиот клуб сметаат дека српскиот фудбалски репрезентативец не е целосно посветен на тимот, пренесуваат италијанските медиуми. Милинковиќ-Савиќ има договор со Лацио до јуни следната година, а првиот човек на римскиот клуб Клаудио Лотито не сака да го продаде српскиот фудбалер за помалку од 100 милиони евра.

Италијанските медиуми потсетуваат дека Арсенал е во потрага по фудбалер, кој треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред на „топчиите“, а изборот наводно паднал на српскиот репрезентативец. „Коријере дело спорт“ наведува дека претставници на Арсенал се во контакт со Матеј Кежман, кој е менаџер на српскиот фудбалер. Италијанските медиуми потсетуваат на изјавата на првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, кој на крајот на минатата година изјави дека не е заинтересиран за продажба на Милинковиќ-Савиќ.

 – Лотито изјави дека играчот вреди 120 милиони евра и дека неговата цена постојано се зголемува. Сепак, Лацио нема толку силна преговарачка позиција и не може да бара голема отштета, бидејќи српскиот фудбалер има договор со клубот до јуни следната година – пишува италијанскиот весник.

Милинковиќ-Савиќ (27) е член на Лацио од 2015 година, а претходно настапуваше за Генк и Војводина. За римскиот клуб оваа сезона постигна пет гола на 22 натпревари. Фудбалерот на Лацио настапуваше за Србија на неодамнешното Светско првенство во Катар.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK