По 25 години од првото кино прикажување на филот „Титаник“ во режија на Џејмс Камерон од 10 -ти февруари повторно ќе се прикажува во кино салите во светот.
Блокбастерот ќе биде прикажан во дигитално ремастериран во 3D 4K HDR со висок квалитет на сликата. За прославување на сребрената годишнина Леонардо ди Каприо и Кејт Винслент кои ги имаа главните улоги во филмот „Титаник“ го објавија и новиот постер.
Режисерот Џејмс Камерон (68) освои три Оскари за филмот, меѓу кои за најдобар режисер, најдобар филм и најдобра монтажа.
Блокбастерот освои вкупно 11 Оскари, додека Кејт беше номинирана но не доби Оскар за најдобра женска улога, а Лео воопшто не беше номиниран.
Филмот имаше огромен успех кога „Титаник“ во 3D беше прикажан во кината во 2012 година и имаше заработка од околу 2,2 милијарди долари ширум светот.
Тоа беше најуспешниот филм на сите времиња, додека „Аватар“ не ја надмина таа бројка во 2009 година, со заработка од 2,74 милијарди долари.
The post „Титаник“ пак ќе се прикажува во кината по 25 години appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде