Изјава за медиуми на Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје
Поради сериозноста на состојбата со загадениот воздух, советничката група на СДСМ поднесе иницијатива за одржување на вонредна седница на Советот на Град Скопје.
На иницијативата поддршка со свои потписи дадоа и советниците од политичките партии ДОМ и ЛДП.
Покрај иницијативата ние како советничка група предлагаме и седум мерки кои имаат за цел намалување на загадувањето во главниот град.
И претседателот на Советот Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ прифаќа дел од мерките и смета дека тие можат да помогнат во намалување на загадувањето.
Согласно Деловникот за работа на Советот, ако на иницијатива за вонредна седница се потпишат една третина, односно 15 советници, седницата мора да се одржи.
Оттука, ги повикуваме советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ, како и советниците од Зелен хуман град да дадат поддршка и да се потпишат на иницијативата, за седницата се одржи што поскоро.
Секој советник да преземе одговорност и на вонредна седница на Советот да дискутираме и да донесеме мерки и решенија кои ќе обезбедат почист воздух.
Состојбата со загадувањето е алармантна, а последиците по јавното здравје се сериозни, потребни се итни решенија.
Да ја оставиме дневната политика на страна и да донесеме одлуки кои ќе се во интерес на сите граѓани, кои ќе значат почист воздух и здрава животна средина во Скопје.
Уште еднаш, повикуваме советниците од Зелен хуман град, од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ да дадат поддршка на иницијативата за одржување вонредна седница на Советот на Град Скопје.
The post Советниците од Зелен хуман град, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да дадат поддршка за вонредна седница appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде