мај 3, 2026

Работник од Бангладеш загинал заглавен во мешалка за бетон, а ОВР Кратово поднесе кривична пријава против претприемачот Б.О.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“.

Пријавениот, сопственик и управител на правно лице од Гостивар, преку фирма од Бангладеш ангажирал двајца работници од Бангладеш без работна дозвола, без извршен систематски здравствен преглед, како и без обука за безбедност и здравје при работа.

„На 06.02.2025, додека работеле на објект во с.Кетеново, кратовско, едно од лицата, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото“, објави МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK