мај 1, 2026

Жизел Бундхен ја објави првата фотографија од својот син на Инстаграм, а причината е повеќе од емотивна.

Имено, бразилската убавица неодамна го прослави Денот на мајките со своите најблиски пријатели – нејзините деца и партнерот Хоаким Валенте, а семејната атмосфера ја забележаа на фотографија.

Фотографијата ги привлече симпатиите на обожавателите, бидејќи Жизел штотуку ја објави првата фотографија од својот син, кој го доби со својот партнер Јоаким на почетокот на февруари оваа година.

Како што можете да видите, манекенката позираше со своите деца и партнерот, а фотокомпилацијата ја објави на Инстаграм.

Малечкото пристигна како награда и утеха. Бундхен ја загуби мајка си минатата година.

„Тука беше тивко, но сум многу зафатена со реалниот живот. Понекогаш најдобрите моменти не се споделуваат – тие едноставно се живеат. Во последно време, ги прифаќам побавните ритми, вистинските врски, убавината на лекциите што доаѓаат со присуството. На Денот на мајките, особено ми недостига мајка ми, но срцето ми е полно. Патување што ме чини понизна, ме учи и ме исполнува со благодарност секој ден“, напиша Жизел.

Share

The post Бразилската убавица конечно го покажа својот син: се породи на 45 години и сите се воодушевени од тоа како изгледа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK