април 24, 2026

Изменет режим на сообраќај на автопатот во изградба Охрид-Кичево

СВР Охрид ја известува јавноста дека, поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е девијација на дел од делницата Песочани-Требеништа и Ново село- Ботун. Тука сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево- Охрид. Поради интензивирање на градежните работи, сообраќајот од раскрсницата „Петња- Распаќе” кај Охрид, до селото Подмољје, ќе се одвива по регионалниот (стариот пат) Охрид-

Струга. Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, на крајна внимателност при движењето на овие патни правци и доследно

придржување до поставените сообраќајни знаци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK