април 30, 2026

Сообраќајна незгода кај Извор: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче

Денеска попладне, на регионалниот пат Кичево – Охрид, во близина на селото Извор, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило марка „Голф 5“ со охридски регистарски таблици и товарно возило – камионче со кичевски ознаки.

Според првичните информации, во незгодата има повредени лица, кои со итна медицинска помош се пренесени во најблиската здравствена установа. Засега не е позната тежината на повредите.


На местото на несреќата интервенирале полициски екипи и брза помош, а сообраќајот на овој дел од патот беше привремено забавен додека траеше увидот.

Причините за сообраќајката се сè уште неутврдени и надлежните органи спроведуваат истрага.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK