мај 4, 2026

Фудбалерите на Арсенал го победија Њукасл со 1:0 во 37-то коло од Премиер лигата.

Арсенал и доколку имаше ненкави дилеми ја обезбеди втората позиција, додека Њукасл се наоѓа во групата од пет тима кои се борат за преостанатите три места, кои носат пласман во Лигата на шампионите.

Арсенал победи со 1:0, со голот на Деклан Рајс во 55-та минута од натпреварот.

Претходно во трката за место во Лигата на шампионите се врати Нотингем Форест. „Шумарите“ во Лондон го победија Вест Хем со 2:1. Стрелци на головите за Форест беа Морган Гибс-Вајт во 11-та и Никоа Миленковиќ 61-та минута. Голот за „чеканите“ го постигна Џерод Боувен.

На табелата Њукасл, Челси и Астон Вила имаат по 66 бода, а Манчестер сити и Нотингем Форест по 65. Сити има натпревар помалку од конкурентите, кој ќе го одигра во вториник, кога ќе го пречека Борнмут.

Share

The post (Видео) Арсенал го обезбедеи второто место, од третото до седмото се води битка за пласман во ЛШ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK