мај 3, 2026

Вчера во 15:00 часот во Струга, полицијата го уапсила 54-годишниот А.Н. од струшкото село Велешта поради возење во пијана состојба.

„Претходно, на улица „Владо Малески“ во Струга тој предизвикал сообраќајна незгода, по што со возило на Итната медицинска помош е префрлен во Медицинскиот центар во Струга, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,17 промили алкохол во крвта“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK