мај 3, 2026

Фудбалерите на Тотенхем го победија Манчестер Јунајтед, ја освоија Лига Европа и обезбедија директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Финалето во Билбао на стадионот „Сан Мамес“ заврши со резултат 1:0 (1:0). Бренан Џонсон го постигна единствениот гол во 42-та минута.

Тотенхем одигра неверојатно дисциплинирано во текот на целиот меч, ја искористија шансата преку Џонсон, а Јунајтед ќе жали за шансите на Хојлунд (кога Ван дер Вен со акробатска интервенција ја исфрли топката од гол линијата), Бруно Фернандеш и Лук Шо во претпоследната минута, кога Викарио брилијантно интервенираше.

Тотенхем го освои првиот трофеј по 2008 година, воедно ова е прв европски трофеј за клубот по пауза од 41 година. Тотенхем во 1984 година го освои Купот на УЕФА.

Share

The post (Видео) Тотенхем преку Манчестер јунајтед до трофејот во ЛЕ и место во ЛШ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK