мај 3, 2026

Кошаркарот на Оклахома, Шеј Гилџис-Александер, емотивно го доживеа прогласувањето за МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.

Бекот на Оклахома прв пат во кариерата ја освои престижната награда, откако го победи Никола Јокиќ во финалето, а по доделувањето на наградата, одржа емотивен говор кој ѝ го посвети на својата сопруга.

„Ти благодарам за сè што си, за мене, за нашиот син, Арес. Ти беше првата личност што ми покажа што значи љубовта, што навистина значи жртва и едвај чекам да го поминам остатокот од патувањето наречено живот со тебе, ти благодарам за сè“, рече Шеј.

Шеј потоа им се заблагодари на соиграчите.

„Не можам доволно да опишам колку многу ми значите, не само како кошаркари, туку и како семејство. Знам дека знаете, сè правиме заедно, на и надвор од теренот. Одиме на шопинг, јадеме. Вие сте ми како браќа и навистина го мислам тоа, и без вас ништо од ова не би било можно и сакам да знаете дека оваа награда е и ваша награда, затоа ви благодарам многу“, рече новиот MВП.

Секој соиграч на Шеј доби часовник „Ролекс“ како подарок.

Share

The post (Видео) Шеј ја доби наградата и се расплака на церемонијата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK