мај 3, 2026

Новак Ѓоковиќ ја освои 100-та титула во кариерата откако во финалето на турнирот во Женева го победи Хуберт Хуркач од Полска со 2:1.

Она што го видовме во Женева беше навистина тениски спектакл. По нешто повеќе од три часа игра, голема борба и драма, победата дојде кај Ѓоковиќ кој слави јубилеј – дури 100-та титула во кариерата.

Во вистински шампионски манир, Новак тој го врати брејкот на крајот од сетот и израмни на 4:4, воведувајќи го мечот во нов тај-брејк и излезе како победник, со дури 100. трофеј во витрината.

По победата, Ѓоковиќ се огласи со коментар.

„Морав да работам за ова. Имав шанси во првиот сет, направив двојна грешка на сет топка. Мечот можеше да оди и на друга страна. Не знам како направив брејк, можно е и тој да ми го подари. Неколку поени го одлучија победникот, но тоа се случува на вакво ниво. Прекрасна атмосфера, полн стадион, одличен меч, ми е драго што ја освоив стотата титула“, изјави Новак Ѓоковиќ.

Share

The post Историски ден за Новак Ѓоковиќ! Ја освои 100-та тутула во кариерата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK