мај 2, 2026

Ова лето, на 7 август, македонската народна песна ќе одекне онаму каде што досега не се слушнала, во величествениот Антички театар во Охрид. За првпат во историјата на оваа култна сцена, концерт ќе одржи фолк изведувач – Влатко Миладиноски, еден од најмоќните и најпочитувани вокали на македонската народна музика.

Миладиноски, познат по својата длабока емоција, силна патриотска порака и автентичен пристап кон музиката, со години е еден од најпосакуваните пејачи кај публиката која го негува духот на традицијата. Неговата интерпретација на „Велат не нема“, песна што ја опева македонската мака, гордост и копнеж, стана симбол на носталгија, национално единство и љубов кон татковината.

Концертот во Охрид нема да биде само уште едно музичко случување, туку вистински настан од културно и историско значење. Под отворено небо, во магичната атмосфера на Античкиот театар, Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на големиот оркестар предводен од неговиот брат Златко Миладиноски, кој со децении е синоним за автентична македонска музика.

Оваа вечер ќе биде посветена на сите што ја носат Македонија во срцето, на сите генерации кои со песните на Влатко растеле, се радувале, плачеле и се гордееле. Ќе се изведуваат најголемите хитови од неговиот богат репертоар, песни кои не се само музика, туку сведоштва за времето, народот и душата на оваа земја.

Карти преку продажната мрежа на: kupikarta.com и кај Аждер.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5663

Share

The post Концерт на Влатко Миладиноски на 7 август во Охрид – Во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK