мај 2, 2026

Под мотото „Пријателство без зборови – Човек и миленик“, во недела во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи најновото издание на „ПетФест 2025“ посветен на домашните миленици, одговорното сопствеништво и благосостојбата на животните.

Најавено е учество на повеќе од 60 професионалци од земјава и регионот од сите сфери поврзани со миленици. Ќе бидат прикажани најновите достигнувања во ветеринарната медицина и фармакологија, европските и светските кинолошки шампиони, службените кучиња од Единицата на Министерството за внатрешни работи К9, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат и со методите на дресура кај младите кучиња, како и со работата на стилистите за миленици.

Настанот ќе биде исполнет со многу изненадувања како забавни игри и активности за миленици, едукативни работилници за деца и возрасни, награди на натпревари: Look alike, Најдремко, Опасен поглед, Изложбена Пет Арт Галерија и детско ликовно катче, …

Пповеќе информации и детали за програмата може да се најдат на официјалниот сајт: petfest.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK