мај 2, 2026

ПСЖ и Интер на „Алијанц арена“ во Минхен се борат за титулата во Лигата на шампионите.

Натпреварот започна со целосна доминација на „светците“ од Париз. Интер е ограничен на одбраната, играчите на Симоне Инзаги никако не можат да се справат со високиот пресинг на противникот.

Иницијативата на ПСЖ вроди со полд во 12.минута, по една филигрантски точна акција. Прво, Витиња даде одлична топка, го пронајде Дуе, а најмладиот член на „светците“ му ја додаде топката на Хакими, кој од три метри ја смести во голот.

Хакими е поранешен играч на Интер, поради што не го прослави голот.

Осум минути подоцна нов шок за Интер, Дезире Дуе, втор пат го совлада Сомер.

Пачо извлече една топка од пред својот гол, кога дојде на 20 метри ја префрли на спортивната страна кај Дуе, кој неодбранливо биеше, откако Димарко, кој лошо реагираше и кај првиот гол, му го сврти грбот.

Share

The post (Видео) Нов шок за Интер, гол на Дуе, ПСЖ води 2:0 appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK