мај 8, 2026

Македонскиот метал бенд Conspiracy го објави својот втор студиски албум, насловен „Заговор“, кој од денес, 6 јуни, е достапен преку издавачката куќа Мртов Коњ.

По успешниот деби албум „Dehumanized“, бендот продолжува да го развива својот препознатлив звук со „Заговор“ – албум кој истовремено е жесток, мрачен и емотивен.

„’Заговор’ е огледало на нашето време – полн со болка, измама и гнев, но и со надеж за промена и откривање на вистинскиот пат, велат членовите на бендот.

Албумот го носи слушателот низ приказни кои одекнуваат со универзални емоции – болката од предавство, гневот кон неправдата и длабоката човечка желба за слобода. Со моќен звук и искрени текстови на македонски јазик, Conspiracy нуди искуство кое остава длабока трага во слушателот.

Со „Заговор“, Conspiracy продолжуваат да го градат својот препознатлив израз и активно да придонесуваат на македонската метал сцена.

Албумот е достапен на сите поголеми стриминг платформи.

Share

The post Македонскиот метал бенд Conspiracy со нов албум – „Заговор“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK