декември 25, 2024

На спомен-обележјето кај Катлановско Блаце денеска ќе се одбележат петнаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ.

На спомен-обележјето во Катлановско Блаце, цвеќе ќе положи делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата составена од министерката за одбрана, Славјанка Петровска заменикот министер за одбрана, Башким Хасани и директорот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Зоран Милески. Цвеќе ќе положат и делегации од Кабинетот на претседателот, општина Петровец, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Припадниците на воздухопловниот ВИНГ претходно, ќе го одбележат настанот со полагање свежо цвеќе и на спомен-обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

The post 15 години од хеликоптерската несреќа во која загинаа припадници на воздухопловниот ВИНГ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK