мај 8, 2026

Италијанскиот стручњак Џан Пјеро Гасперини е назначен за тренер на Рома.

Како што беше објавено, Гасперини (67) потпишал договор со челниците на „волчицата“ до јуни 2028 година.

„Рома го објавува назначувањето на Гасперини за нов главен тренер на клубот. Кариерата на Гасперини е дефинирана со креативни тактики, посветеност на напорна работа и исклучителен развој на играчите. Сите во клубот веруваат дека Гасперини е вистинскиот човек за оваа мисија“, се вели во соопштението на клубот.

Искусниот стручњак ја водеше Аталанта од 2016 до 2025 година, со која минатата година ја освои Лига Европа.

Двапати, во 2019 и 2020 година, беше прогласен за најдобар тренер во Серија А.

Пред Аталанта, тој ги водеше, меѓу другите, Џенова, Палермо и Интер.

Share

The post Гасперини на клупата на Рома appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK