мај 8, 2026

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при слетување со параглајдер, 14-годишник од Прилеп удрил во канделабра.

Малолетникот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ Охрид каде му била укажана помош и биле констатирани телесни повреди, соопшти СВР Охрид.

Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на неговиот татко.

Извршен бил увид, а за настанот е запознаен Комитетот за истраги за возухопловни несреќи и сериозни инциденти, информира СВР Охрид.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK