декември 27, 2024
Општина Аеродром започна со реконструкција на три улици во населбата Лисиче. Станува збор за инвестиција од 60 милиони денари, со која се предвидува целосна реконструкција на улицата Мите Богоевски во должина од 1245 метри, како и улиците „Црноризец Храбар” и „Илија Димовски” со вкупна должина од 1000 метри.
Оваа инвестиција во уличната инфраструктура ќе се реализира во две фази, а има цел да ја подобри безбедноста и отпорноста на патиштата во овој дел од општината. Средствата за овој проект се обезбедени од Светска банка, преку проектот на Министерството за транспорт и врски за финансирање на инвестиции и во инфраструктурата на општинските патишта и улици.
На увид во почетокот на градежните активности денеска присуствуваше и градоначалникот Тимчо Муцунски.
„Во населбата Лисиче започнаа градежните работи кои вклучуваат реконструкција на три улици. Со ова практично започнува еден важен инвестициски циклус во инфраструктурата кој го најавивме минатата година, а во чии рамки ќе бидат реконструирани сообраќајници и ќе бидат изградени нови улици, пешачки патеки и паркинзи во неколку населени места во општината”, истакна тој во својата Фејсбук објава.
Реконструкцијата на улиците во населбата Лисиче опфаќа целосна замена на асфалтот на коловозот, кои се широки по шест метри, како и на тротоарите од каде што дотраениот и оштетен асфалт ќе се замени со бекатон-плочки и други павер-елементи.

The post Муцунски: Почеток на важен инвестициски циклус, инвестираме во нова инфраструктура во населбата Лисиче   appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK